ЕПАЛЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Четврток, 6 септември 2018 година

Од 2019 година, Република Македонија за првпат се приклучува на европското семејство на ЕПАЛЕ мрежата.

Националниот сервис за поддршка ќе функционира во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е одговорна за спроведување на активностите на национално ниво.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/epale/epale-screen.png

ЕПАЛЕ е европска платформа наменета за професионалците во образованието за возрасни во Европа. Основана е во 2014 година, од страна на Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, како резултат на предизвиците во областа на образованието за возрасни низ цела Европа, како што се: разновидност на секторот, разлики помеѓу системите за образование за возрасни, ниското ниво на соработка помеѓу земјите, финансирањето итн.

ЕПАЛЕ платформата се фокусира на теми поврзани со обуката во образованието за возрасни кои се многу разноврсни. Опфаќа различни целни групи – наставници, професори, тренери, истражувачи, донесувачи на одлуки и сите останати кои се занимаваат со образованието на возрасни.

Платформата им овозможува на поединците и на институциите пристап до навремени информации поврзани со настани, размена на ресурси и добри практики преку учество во дискусиони групи, блогови и статии.

Институциите можат да ја презентираат својата работа и да се приклучат во базата на институции со што стануваат видливи и лесно можат да бидат препознаени од други институции за вклучување во заеднички проекти.

 

Пристап до Платформата

Назад