Еразмус+ крос 2019 година

14-08-2019 09:46

Еразмус+ е програма на ЕУ за поддршка на образованието, обуката, младите и спортот во Европа. Програмата обезбедува можности за над 4 милиони Европејци да учат, да обучат и да стекнат искуство во странство.Еразмус + е ефикасен инструмент за промовирање на вклучување на луѓе од загрозени средини, вклучувајќи ги новодојдените мигранти.

Целите на прогр амата се да одговори на повеќе предизвици кои се однесуваат на борба против зголемувањето на нивото на невработеност, особено меѓу младите лица, развој на социјалниот капитал, промоција на систематски реформи во земјите за демократски живот во Европа, активно граѓанство и развојот на спорт и спортски активности.

Еразмус + има можности за луѓе од сите возрасти, помагајќи им да развијат и да споделат знаења и искуства во институциите и организациите во различни земји.

Еразмус + има можности за широк спектар на организации, вклучувајќи ги универзитетите, давателите на образование и обука, истражувачки организации и приватни бизниси.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во чест на одбележување на денот на ERASMUS+ европската програма за образование, обука, млади и спорт, на 12 октомври ќе организира крос трки.

Крос трката ќе биде одржана во Скопје, на познатото место кое го користат сите рекреативци и професионалци за спорт и рекреација, кејот на реката Вардар.

На следниот настан право на учество ќе имаат сите ученици од основните и средните училишта, студентите од  високото образование и возрасни лица.

Овој настан ќе биде од забавен и рекреативен карактер.

На настанот Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе обезбеди освежувачки напитоции, подароци, најразлични игри и занимации за сите учесници а и за останатите кои ќе дојдат да ги бодрат своите најмили.

ERASMUS+ Opening minds/Changing lifes

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!

Назад