Еразмус недела при Меѓународен балкански универзитет

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG-f8215623680b4c4cb23330e1495b7c34-V 1.jpgЧетврток, 28 ноември 2019 година

На 26 ноември претставници од Националната агенција присуствуваа на Еразмус меѓународна недела што се одржа при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. 

На настанот присуствуваа професори и студенти од Универзитети од Бугарија, Полска, Литванија и Шпанија, како и претставници од домашните универзитети и студенти.

Претставникот од Националната агенција, г. Александар Богојевски, пред присутните ги презентираше можностите кои ги нуди програмата Еразмус+, трендовите во високото образование во Македонија, како и можностите кои ги нуди проектот Студирај во Европа.

Назад