Евридика извештај: Структурни индикатори за следење на системите за образование и обука во Европа 2016

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/126px-205_EN_JAF_2016_vignette.jpgОвој Евридика извештај содржи повеќе од 30 детални структурни индикатори, ажурирани графикони, дефиниции, белешки за поедини земји и кракта анализа на скорешниот развој во јавната политика и реформи во пет области: претшколско образование, постигнувања во основните вештини, рано напуштање на образованието и обуката, високо образование и вработеност на дипломци.

Извештајов обезбедува појаснувања за основите и комплементарни информации на бројни структурни индикатори што се анализирани во Education and Training Monitor 2016, годишната публикација на Европската Комисија  која што го опишува еволутивниот развој на европските системи за образовани и обука, базирана на цел спектар од докази. Тој го следи напредокот направен од Земјите членки на ЕУ во насока на остварување на целите поставени во реформиските процеси Европа 2020 и Образование и обука 2020.

Информацијата за 2015/16 година опфаќа 40 европски системи за образование и обука.

 

Назад