Евридика извештај: Учењето странски јазици во училиштата во Европа - Издание 2017

Во Европа има преку 600 официјални јазици. Европа е континент на значаен лингвистичка разнообразност, и истата се повеќе се зголемува со последните миграциски бранови. Изданието на Клучни податоци за учењето јазици во училиштата во Европа од 2017 година ги опишува главните образовни политики за наставата и учењето странски јазици цо 42 образовни системи во Европа.

Некои од прашањата што се одговорени во овој извештај се следните:

  • Колку време учениците поминуваат во учење странски јазици?
  • Кои се 10-те странски јазици што вообичаено се нудат за учење во училиштата?
  • Дали наставниците по странски јазици патуваат во странство за обука?
  • Колку ученици со мигрантско потекло го зборуваат наставниот јазик дома?
  • И уште многу други.

Иако главниот фокус на извештајот е на учењето странски јазици, сепак обезбедени се и информации и за регионалните јазици или јазиците на етничките заедници што се застапени во наставните планови. Извештајот истот така ги испитува и мерките за јазична поддршка што се достапни за новодоселените ученици мигранти.

Повеќе извори на информации се користени во овој извештај, вклучувајќи ги мрежата Евридика, Еуростат, и меѓународните тестирања на OECD, PISA и TALIS. Податоците на Евридика ги покриваат сите земји од Европската унија, како и Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Швајцарија.

Превземете:

Целосна верзија на извештајот

Краток преглед на извештајот на француски и англиски

Англиска верзија во e.Pub формат (11MB)

Назад