Евридика извештај: Време на настава во редовното задолжителнo општо образование во учебната 2017/2018 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/Instruction Time 2017-18 - Cover - Copy.jpgДали знаевте дека алоцираното време за настава за одреден предмет и дисциплина може да го зголеми интересот на учениците за тој предмет, и како последица, да влијае и на нивните перформанси.

Не само квалитетот на наставата туку и времето што е достапно за настава и учење може да има позитивен ефект на процесот на учење на учениците, и особено, на учениците со помали можности.

Овој Извештај за време на настава го анализира препорачаното минимално време за настава во редовното задолжително општо образование во 43 европски образовни системи за учебната 2017/2018 година. Особено внимание е посветено на читање, пишување и литература, математика, природни науки и општествени науки. Овој репорт покажува дека читањето, пишувањето и литературата одземаат најголем дел од времето за настава, особено во основно образование. Математиката го зема вториот најголем дел и тој дел се зголемува во средното образование на сметка на други предмети како што се странските јазици.

Како дополнување на компаративната анализа, овој извештај вклучува и национални дијаграми кои што прикажуваат податоци по земја и предмет кои што беа собрани како заедничка активност на Евридика и NESLI мрежите.

 

Назад