Евридика публикации: Училишен и академски календар за учебната 2018/2019 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/image001.jpgПочеток на учебната година: Евридика ги публикуваше училишните и академските календар за учебната 2018/2019 година. Во  оваа публикација ќе најдете информации за дистрибуцијата на празниците и бројот на наставни денови во компаративна перспектива.

Организација на наставата во Европа: Основно и средно образование – 2018/19

Како училишната година е организирана во различните образовни системи во Европа? И покрај многуте разлики, земјите покажуваат сличности во структурата на нивните Календари за организација на наставата. Во 10 земји учебната година започнува во август. Најрано почнува во Данска и Финска. Во однос на бројот на наставни денови, варијација постои помеѓу 156 дена во Албанија и 200 дена во Данска и Италија. Општо земено, бројот на наставни денови е ист во основно и средно образование со неколку исклучоци: Во Франција (средно образование), Грција (вклучени се и деновите за испити) и Србија на пример, бројот на наставни денови во средното образование е поголем отколку во основното.

Овој извештај е базиран на националните податоци, за должината на учебната година, почетната и крајната дата, бројот на празници и бројот на наставни денови. Ги покрива и основното и средното образование и клучните наоди се прикажани во компаративни дијаграми. Информацијата е достапна за 38 земји (28 земји членки на ЕУ, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Република Македонија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Швајцарија).

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/image002.jpg

 

Организација на академската година во Европа – 2018/19

Академскиот календар дава национални податоци за структурата на академската година (почеток на академската година, семестри, испитни сесии и празници). Нагласени се разликите помеѓу универзитетските и не-универзитетските студиски програми. Информации се достапни за 38 земји.

Календарот за организацијата на наставата во основното и средното образование во Република Македонија ги објавува Министерството за образование и наука.

 

Назад