Европската Комисија ги објави Повикот и Водичот за програмата Еразмус +, новата програма на ЕУ за образование, млади и спорт

13-12-2013 11:21

 

Организациите кои сакаат да користат фондови од Еразмус+, новата програма на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, можат да започнат да ги подготвуваат своите апликации за грант почнувајќи од денес. Водичот за програмата Еразмус+, кој обезбедува детални информации за тоа како да се аплицира, е достапен овде. Програмата е отворена за организациите во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Тие можат да аплицираат електронски за фондови од крајот на јануари. Индивидуалци нема да можат да аплицираат за грант дирекно; наместо тоа, треба да ги контактираат нивните универзитети, институции или организации, кои ја подготвуваат апликацијата.

„Процесот на отпочнување на Еразмус+ е сега во финална фаза и спремни сме за фазата на имплементација“. Ги поттикнувам организациите да го проучат Водичот за програмата внимателно со цел да бидат целосно подготвени кога процесот на он-лајн аплицирање ќе започне. Зголемувањето на буџетот на Еразмус+ за 40% значи дека повеќе од 4 миниони луѓе, вклучително студенти, ученици, наставници и волонтери, ќе можат да користат грантови во наредните 7 години.“ рече Андрула Василиу, европскиот Комесар за образование, култура, мултилингвализам и млади.

Во целост, фондовите од €1.8 милијардикои ќе бидат на располагање од Еразмус+ во 2014 година ќе бидат наменети за:

·    Промовирање на мобилноста на студенти, ученици, наставници и друг образовен кадар, млади луѓе во младински размени, младински лидери и волонтери. Крајниот рок за аплицирање за проекти за мобилност за учење е 17 март 2014.

·    Создавање или подобрување на партнерствата помеѓу институциите и организациите во образованието, обуката и младите и работната околина. Крајниот рок за аплицирање е во април 2014 година.

·    Поддршка на дијалогот со цел да се извршат реформи во системите на образование, обука и млади. 

Конзорциуми, организации координатори и групи можат да поднесат една апликација во името на одреден број организации.

Покрај универзитетите и другите образовни институции, нови иновативни партнерстваможат да бидат финансирани за прв пат: т.н. „Алијанси на знаење“ и „Алијанси на секторски вештини“, кои ќе изградат синергија помеѓу образобванието и работната околина преку овозможување високообразовните институции, обезбедувачите на обуки и компаниите да ги промовитаат претприемаштвото и иновацијата, и да развијат нови курикулуми и квалификации со цел да се покрие недостатокот на вештини.

Во спортот, фокусот ќе биде ставен на транснационални проекти кои ќе поддржат локален спорт и ќе се соочат со прекугранични предизвици, како местењето натпревари, допингот, насилството и расизмот, како и промоција на добро управување, родова еднаквост, социјално вклучување и физичка активност за сите.

Основи

Водичот за програмата Еразмус+ дава детали за целите, приоритетите, можностите за финансирање за секоја акција, вклучително и техничка информација за апликациите за грант и процесот на селекција, како и на финансиските и административните правила поврзани со доделувањето на грантови.

Еразмус+ ги комбинира сите тековни шеми за финансирање на ЕУ наменети за образование, обука и млади, вклучително Програмата Доживотно учење (Еразмус, Леонардо да Винчи, Комениус, Грундвиг), Млади во акција и пет интернационални програми за соработка (Еразмус Мундус, Темпус, Алфа, Едулинк и програмите за соработка со индустријализираните земји). Исто така, таа за прв пат воведува поддршка на спортот. Интегрираната програма ќе им овозможи на апликантите полесно разбирање на расположивите можности, како и други упростувања кои ќе го олеснат пристапот. 

Еразмус+ е лансирана во време кога приближно шест милиони млади луѓе во ЕУ се невработени – во некои земји и над 50%. Во исто време, постојат преку два милиони работни места и скоро третина од работодавачите известуваат за потешкотии во вработувањето на лица со потребните вештини. Ова укажува на голем гап во вештините во Европа. Еразмус+ ќе го адресира овој гап преку овозможување на луѓето да учат, обучуваат, стекнуваат работно искуство или волонтираат во странство.   

Квалитетот и релевантноста  на организациите и системите на образование, обука и млади ќе биде подигнат преку поддршка на подобрувањето на наставата и методите за учење, нови курикулуми, и професионален развој на образовниот кадар и младинските работници, вклучително преку подобра соработка помеѓу образованието и работата.

Буџетот од €14.7 милијарди за периодот 2014-2020 води сметка за идните предвидувања за инфлацијата и претставува 40% зголемување од сегашните нивоа. Дополнителни фондови се очекува да бидат алоцирани за мобилност во високото образование и градење капацитети преку вклучување на не-ЕУ земјите, овие преговори ќе бидат завршени во 2014 година.

Следни чекори

Заинтересираните организации се поттикнуваат да го прочитаат Водичот за програмата со цел да дознаат повеќе за различните можности за финансирање. Организациите се покануваат да ги поднесат нивните апликации (во најголемиот број случаи он-лајн) до Националните агенции во нивните земји или Извршната агенција за образование, култура  и аудиовизуелни политики.

За повеќе информации:

Водич за програмата и Повик за предлог проекти

Европска Комисија: Еразмус+ веб страна

Eразмус+ на Facebook

Назад