Европската младинска седмица 1-7 мај 2017 г. Shape it, move it, be it

 

tl_files/docs/eplus/2017/images/Banner_EN_EYW2017-Copy.jpg

Европската младинска седмица

1-7 мај 2017 г.

Shape it, move it, be it

Осмото издание на Европската младинска седмица ќе се одржува ширум Европа, во периодот од 1 до 7 мај 2017 г. Ќе се фокусира на солидарноста и социјалната заложба на младите во Европа, информирање и одбележување на програмата Еразмус+, и ќе има за цел да се слушнат идеите на младите за начинот на обликување на иднната на политиката на ЕУ за младите.

Со слоганот „Shape it, move it, be it“, Европската младинска седмица ќе ги охрабри младите да ја обликуваат својата иднина со учество во дискусиите за иднината на политиките на ЕУ за младите, да одат надвор со искуството за мобилност Erasmus+ и да бидат дел од новокреираниот Европски корпус за солидарност, кој им дава можнот на младите да ја изразат својата солидарност за оние на кои им треба.

Младите прават голема разлика во Европа, и Европската младинска седмица ги одбележува нивните постигнувања.

Младинската седмица ги става во фокус инспиративните приказни на оние што прават промени во областа на младите и нив

ните проекти во рамки на Erasmus+, за да охрабрат што е можно повеќе млади да се вклучат. За да ги истакнеме нивните приказни и да го прикажеме човечкото влијание на програмата Erasmus+, пред и за време на седмицата, ќе ги споделиме приказните на луѓето кои имаат дадено значителен придонес кон предизвиците на Европа, вклучувајќи солидарност, инклузија, демократија и активно граѓанство. Тоа се луѓе што направиле промена во својата заедница, ги инспирирале другите и развиле иновативни идеи. Ги промениле своите животи и животите на другите.

Во Брисел, Европската комисија ќе организира дискусии за приоритетите и инструментите за идните Стратегии на ЕУ за младите. Комисијата ќе ги покани учесниците за да осигури учество на голем број експерти за политики за младите, органи на земјите-членки, лица што работат со млади, младински организации и млади луѓе во целина. Инспиративните креатори на промени ќе се сретнат со комесарот Наврасис, ќе го посетат Европскиот парламент и ќе ги споделат своите приказни за одбележувањето на седмицата.

Европската младинска седмица 2017 ќе вклучува голем број настани и активности што ќе се организираат во сите 33 земји што се вклучени во програмата на Европската Унија Erasmus+, при што настаните ќе ги координираат и организираат Erasmus+ Националните агенции за млади.

Секој може да организира настан во рамки на Европската младинска седмица, поврзан со:

За да се пријавите за настанот или за да се вклучите во други регионални или национални настани, посетете ја веб-страницата www.youthweek.eu, која ви дава преглед на активностите што се организираат ширум Европа.

Дополнителни информации може да најдете на Националните агенции за млади во рамки на програмата Erasmus+.

 

Назад