Годишен состанок на членовите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/Kipar 2019.jpgПеток, 25 октомври 2019 година

Во периодот од 12 до 14 септември 2019 година во Никозија, Кипар беше одржан годишниот состанок на членовите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“.

Претставници на Националнат агенција беа г-ѓа Лидија Димова, директорка на Националната агенција и г. Јовица Митевски, кои на состанокот ги презентираа реализираните активности во изминатиот период, како дел од стратегиското партнерство „Млади на работи“.

За време на работните денови беа опфатени теми за тековната и наредната година пред поднесување на Годишната програма за работа 2020.

Покрај стратегискиот пристап на партнерството на состанокот се отвори дискусија за поддршка на темите кои ќе се реализираат преку планираните настани за обука, обновување и надградба на тековната база на тренери и финансиската рамка за 2019 и 2020 година.

За време на состанокот се одлучи во 2020 година, покрај предвидените настани со Годишната работна програма 2019, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да биде домаќин на настанот со тема „Претприемнички компетенции за сите“ во соработка со Националните агенции од Кипар, Велика Британија, Шпанија, Италија и Турција.

Како членка на партнерството „Млади на работа“, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност останува да биде ко-организатор на неколку настани кои ќе се реализираат во календарската 2020 година, но исто така ќе продолжи да поддржува учество на претставници и на други настани со темите на социјално претприемништво.

Назад