Инфо-ден на Економски факултет во Скопје!

19-11-2013 10:29

Почитувани,

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност има чест да Ве покани на инфо-ден за презентација на своите активности во кои што и Вие имате шанса да се вклучите.

Инфо-денот ќе се одржи на 21 ноември (четврток) во амфитеатар 2 на Економскиот факултет во Скопје со почеток во 11:30 часот.

Настанот е од отворен карактер. Сите заинтересирани можат да присуствуваат и на тој начион доиполнително да се информираат за програмите за агенцијата.

Во рамки на инфо-денот ќе има презентација на програмата "Доживотно учење" и ќе бидат истакнати деталите од неколку успешно спроведени проекти. Пред присутните ќе биде претставена новата програма на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, "Еразмус плус 2014-2020", како и иницијативите на ЕУ "Еуропас" и "Евридика".

Датум: 21 ноември 2013
Време: 11:30
Локација: амфитеатар 2 на Економскиот факултет во Скопје

Назад