ИНФО ДЕН ВО МАВРОВО И ДЕБАР

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/mavrovo/IMG_8744.JPGПонеделник, 19 ноември 2018 година

На 16 ноември 2018 година, се одржа инфо средба на коja беа присутни претставници од основни и средни училишта, општини како и невладиниот сектор од Маврово, Дебар и од околните места. На информативниот ден беа презентирани можностите кои ги нуди  програмата Еразмус+ и  европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг од страна на вработените од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Воведна презентација за Еразмус+ програмата имаше г-ѓа Драгица Ивановска од Сектор за индивидуални мобилности која ги презентираше целите на Еразмус+ програмата, учесници и клучните акции од оваа област. Во делот за прашања преку дискусија се дадоа и подетални информации за мобилноста на наставен кадар во училишно образование.

Во продолжение на информативната средба, клучните акции во Стратегиските партнерства и КА3 беа презентирани од г. Јовица Митевски од Секторот за стратегиски партнерства од полето на образование обука и млади. Презентацијата опфати дел од техничките критериуми, приоритетите и целите на акциите, рокови за аплицирање како и примери од добра пракса преку кои се претстави подобра слика од финансираните проекти.

Воедно беше претставена и вклученоста на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во процесите од објавување на повик за учество до селекција на проектите. Учесниците на инфо денот добија информација за TAC настаните, на кои Националната агенција им нуди можност за меѓународно искуство преку Еразмус+ програмата, да разменат експертизи со колеги од Европа и да најдат партнери за своите проекти.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/mavrovo/IMG_8746.JPG

На присутните учесници, г-ѓа Анабела Н. Петрески им ги објасни европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг и какви сè бенефиции и можности можат да искористат од истите.

Исто така, на учесниците им беше објаснето како да се регистрираат на мрежната страница од Европската комисија School education gateway, која ќе им помогне полесно да најдат партнери или курс провајдери.

Учесниците беа охрабрени да аплицираат и да ги искористат можностите и финансиската поддршка што ги нуди програмата.

 

Назад