ИНФО ДЕН ВО СКОПЈЕ ЗА ЕРАЗМУС+ - ЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ

Среда, 28 ноември 2018 година

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Гоце Величковски, г-ѓа Снежана Симоновска и м-р Александар Богојевски денеска одржаа инфо ден во Скопје - Хотел Александар II за прогамата Еразмус+, централизирани акции (Европски универзитети, Алијанси на знаења, Градење на капацитети во областа на високото образование, Градење на капацитети во областа на младите, Жан Моне катедри, Жан Моне модули, Жан Моне центри на извонредност, Жан Моне поддршка за здруженија, Жан Моне мрежи, Жан Моне проекти и Спорт).

На инфо денот присуствуваа претставници од високообразовните институции, од здруженија на граѓани, потоа од градинки и од основни и средни училишта.

Претставниците од Националната агенција, во текот на презентациите, ги охрабрија присутните да заземат поактивно учество во централизираните акции од програмата Еразмус+ и воедно да се појавуваат како носители на проекти.

Но, исто така, тие укажаа дека присутните може да учествуваат во централизираните акции од програмата Еразмус+ и како партнери, од каде ќе можат да црпат и искуства од партнерските институции од програмските држави.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/skopje/20181128_095224.jpg

Назад