Информативна работилница за Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува дека на 23.04. 2018 година ( понеделник) во 10:30 часот ќе се одржи информативна работилница за Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука.

Работилницата  ќе стави акцент на правилата за аплицирање, начинот за аплицирање и како се пополнува апликација. Работилницата ќе се одржи во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Напомена: Право на учество имаат сите институции (јавни и приватни) кои имаат одобрено и завршено најмалку 3 проекти за мобилност во областа на стручното образование и обука од Еразмус+ програмата или од Програмата за Доживотно учење.

Назад