ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

21-01-2014 13:42

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ –„EAC/S11/13

Програма Еразмус +

2013/C 362/04

Суспензивна клаузула

Програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт 2014-2020, предложена од страна на Европската комисија на 23 ноември 2011 (во понатамошниот текст „Програмата“) се уште не е усвоена од Европската законодавна власт. Сепак, Комисијата донесе одлука да го објави овој Повик за предлог проекти со цел да им овозможи на потенцијалните корисници на грантови од Европската унија навремено да ги подготват своите проекти, а со тоа да се обезбеди непречено спроведување на самата програма во иднина.

Покрај тоа, имплементацијата на овој Повик за предлог проекти е предмет на следните услови:

- Усвојување од страна на Европското законодавство на основниот акт за воспоставување на Програмата без зачителни модификации;

- Позитивно мислење, односно недостаток на приговори од страна на Комитетот на Програмата воспоставен во основниот акт;

- Усвојување на работна програма за 2014 година од страна на Европската комисија, по упат на комитетот на Програмата и

- Достапност на соодветните средства предвидени во нацрт-буџетот за 2014 по усвојувањето на буџетот за 2014 од страна на одговорните лица за буџетот, или доколку буџетот не е усвоен како што е предвидено во системот за привремените дванаесеттини.

Понатаму, овој повик за предлог проекти не е правно поврзан со Комисијата. Во случај на значителни измени на основниот акт од страна на Европските законодавци, договорниот орган го задржува правото да се одрече или да го откаже овој повик за предлог проекти и да активира други повици со различна содржина и соодветни рокови за поднесување.

1. Вовед и цели

Овој повик за предлог проекти се базира врз основ на усвојувањето на Регулатива од страна на Европскиот парламент и Советот, воспоставувајќи ја Програмата ‘Erasmus+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт. Програмата го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 5, 11 и 16 од Регулативата.

2. Акции

Овој повик за предлог проекти ги опфаќа следните акции на Програмата Еразмус +:

Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на индивидуи

- Мобилност на индивидуи во областа на образование, обука и млади

- Постдипломски студии – заеднички дипломи

- Настани од големи размери - Европски волонтерски сервис

Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри практики

- Алијанси на знаења

- Алијанси на вештини по сектори

- Градење на капацитети во областа на младите

Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформи на политиките

- Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите

- Жан Моне активности

- Жан Моне катедри

- Жан Моне модули

- Жан Моне центри на извонредност

- Жан Моне поддршка за институции и здруженија

- Жан Моне мрежи

- Жан Моне проекти

- Спорт

- Партнерства за соработка во областа на спортот

- Непрофитни Европски спортски настани

3. Подобност

Секое јавно или приватно тело активно во полето на образование, обука, млади и спорт може да аплицира за да биде финансирано од страна на Програмата Еразмус +. Понатаму, групи од млади лица кои се активни на полето на работа со млади, но не е неопходно да се во контекст на младински организации можат да аплицираат за финансирање на мобилност на млади и младински работници, како и за стратешки партнерства во областа на млади.

Програмата Еразмус + е отворена за учество во следните земји (1):

Следните земји може целосно да учествуваат во активностите на Програмата Еразмус+:

- 28 земји членки на Европска унија

- ЕФТА/ЕЕА земји: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка (2)

- Земји кандидатки за членство во ЕУ: Турција, Република Македонија (3)

- Швајцарска Конфедерација (4)

Покрај тоа, одредени акции од Програмата Еразмус+ се отворени во партнерските земји.

Ве молиме погледнете го Водичот за Програмата Еразмус+ за дополнителни детали во врска со учеството во Програмата.

4. Критериуми за доделување грант

Апликациите за предлог проекти за акциите кои севклучени во овојповик ќе бидат оценетипо однос наследниве критериуми:

Клучна Акција 1, Kлучна Акција 3, Спорт (Непрофитни Европски спортски настани):

- Важност на прoектот,

- Квалитет на дизајнот на проектот и имплементација,

- Импакт и дисеминација.

Kлучна Акција 2, Жан Моне, Спорт (Партнерства со соработка во областа на спортот):

- Важност на проектот,

- Квалитет на дизајнот на проектот и имплементација,

- Квалитет на тимот на проектот и планови за соработка,

- Импакт и дисеминација.

 

Ве молиме погледнете го Водичот за Програмата Еразмус+ за понатамошните детали како и критериумите за доделување на грант кои се применуваат за конкретни активности.

5.Буџет и траење на проектот

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог проекти се проценува на 1 507,3 милиони евра:

Образование и обука

:

1 305,3 милиони евра

Млади

:

174,2 милиони евра

Жан Моне

:

11,2 милиони евра

Спорт

:

16,6 милиони евра

Нивото надоделени грантовикако ивреметраењето напроектите зависатодфактори како што севидот напроектот ибројот на партнерикои се вклучени.

6. Краен рок за доставување на апликации

Сите крајни рокови за доставување на апликации се специфизирани на пред и до 12.00 часот напладне, Бриселско време.

Клучна Акција 1

Мобилност на индивидуи во областа на образование,
обука и млади (сите)

17 Март 2014

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

30 Април 2014

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

1 Oктомври 2014

Постдипломски студии – заеднички дипломи

27 Mарт2014

Настани од големи размери - Европски волонтерски сервис

3 Aприл2014

 
Клучна Акција 2

Стратешки партнерства во областа на образование, обука,
мобилност и млади (сите)

30 Април 2014

Стратешки партнерства само во областа на младите

1 Октомври 2014

Алијанси на знаења, Алијанси на вештини по сектори

3 Април 2014


Градење на капацитети во областа на младите

3 Април 2014

2 Септември 2014

 
Клучна Акција 3


Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во
областа на младите

30 Април 2014

1 Октомври 2014

 
Акција Жан Моне

Катедри, модули, центри за извонредност, поддршка на институции и
здруженија, мрежи, проекти

26 Март 2014

 

 

 
Акција Спорт

Партнерства за соработка во областа на спортот

15 Мај 2014


Непрофитни Европски спортски настани

14 Март 2014

15 Мај 2014

 

 

 

 

 

Ве молиме погледнете го Водичот за Програмата Еразмус+ за понатамошните детали како и критериумите за доделување на грант кои се применуваат за конкретни активности.

 

7. Сумарни детали

Целосни услови за повикот за предлог проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во Водичот за Програмата Еразмус+ на следниов интернет портал:http://ec.europa.eu/erasmus-plus/

Водичот за Програмата Еразмус+ содржи интегрален дел од овој повик за предлог проекти, како и услови за учество и финансирање кои целосно се применуваат во овој повик.

 

(1)  Освен за Жан Моне акциите кои се отворени за апликации од високообразовните институции од целиот свет.

(2)  Учеството на Исланд, Лихтенштајн и Норвешка е предмет на одлука на Заедничкиот комитет за ЕИП. Ако, во времето на одлуката за доделување на грант, Еразмус+ регулативата не е вклучена во Договорот за ЕИП, учесниците од овие земји нема да биде финансирани нема да бидат земени предвид во однос на минималната големина на  конзорциуми/партнерства.

(3)  Учеството на Турција и Република Македонија во овој Повик за предлог проектите предмет на потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Комисијата и надлежните органи на секоја од овие земји. Ако, во времето на одлуката за доделување на грант, Меморандумот за разбирање не е потпишан, учесниците од оваа земја нема да бидат финансирани нема да бидат земени предвид во однос на минималната големина на конзорциуми/партнерства.

(4)  Учество на Швајцарската Конфедерација е предмет на билатерален договор кој ќе биде склучен со оваа земја. Ако, во времето на одлуката за доделување на грант, овој билатерален договор не е потпишан, учесниците од Швајцарската Конфедерација нема да бидат финансирани и нема да бидат земени предвид во однос на минималната големина на конзорциуми/партнерства.

 

Обрасци на апликациски формулари - нацрт (драфт) верзија

Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на индивидуи

Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри практики

Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформи на политиките

 

ИСПРАВКА на Повикот за предлог проекти (01 февруари 2014): МК | EN

ЕРАЗМУС+ Упатство за регистрација на ECAS portalot (07 февруари 2014): EN

Назад