Јавен повик за ангажирање експерти за реализација на планираните активности од ЕКВЕТ за 2017 година

24-441/2 од 24.04.2017

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на ЕКВЕТ, како и решението бр.24-441/2 од 24.04.2017 донесено од Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

Јавен повик

за ангажирање на три (3) експерти за реализација на планираните активности од ЕКВЕТ за 2017 година

Кој може да аплицира?

Идеалниот кандидат/ка:

  1. Има практично искуство во спроведување активности и учествувал/а на национални и меѓународни конференции, семинари и обуки од областа на стручното образование и обука;
  2. Активно го познава англискиот јазик, со акцент на стручна терминологија од областа на стручното образование и обука;
  3. Стекнал/а научен степен од областа на образование и обука;
  4. Учество во изработка на национални политики како и објавените стручни трудови во областа на стручното образование и обука на национално и меѓународно ниво ќе се сметаат за предност.
  5. Стекнат научен степен од областа на Образованието и обуката.

 Која е улогата на експерите?

  • Поддршка на националниот ЕКВЕТ тим во тековните активности;
  • Мапирање и проширување листата на потенцијални корисници на ЕКВЕТ во Република Македонија;
  • Креирање предлог план и програма за презентирање на ЕКВЕТ помеѓу потенцијалните корисници (презентации, состаноци, обуки);
  • Организирање на тркалезна маса/дебата и конференција за ЕКВЕТ во Македонија;
  • Развој и спроведување на методологија за подобрување курикулумите и плановите за стручна обука согласно принципите за учење базирано на стекнување вештини и модуларизација, и во насока на нивно усогласување со европските трендови за имплементација нa ЕКВЕТ;
  • Анализа на досегашните достигнувања и резултати во делот на легислативата, политиките, институционалното зајакнување и програмскиот развој во областа на стручното образование и обука во Република Македонија;
  • Репортирање за реализирани активности – квартално;
  • Редовни состаноци со НА – квартално.

Договорни услови

По направениот избор, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе склучи поединечен договор со секој избран експерт во кој ќе бидат дефинирани задачите и обврските, роковите за нивна реализација, како и финансиската поддршка во зависност од обемот на нивната работа.

 Период на активности

Експертите ќе бидат ангажирани до 31 декември 2017 година, со можност на продолжување на нивните договори во текот на 2018 година.

Како се аплицира за експерт?

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат предходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија со детален опис на реализираните активности во областа на стручното образование и обука;
  • Потврда/и за учество на национални и меѓународни конференции;
  • Потврда за стекнат научен степен;
  • Потврда за познавање англиски јазик;
  • Список на објавени трудови;
  • Други документи кои се релевантни а се поврзани со активноста на експертот.

Рок за аплицирање

Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи на адресата на Националната агенција за европски образовни прграми и мобилност не подоцна од 19 мај 2017 година (датум на поштенска пратка).

Назнака: Повик за експерти за ЕКВЕТ
Националната агенција за европски образовни прграми
Порта Буњаковец А2/1
1000 Скопје
Република Македонија

 

Назад