ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање истражувачи (правни или физички лица) за спроведување национално истражување и анализа

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на истражувачкиот проект за влијанието на Клучната акција 2: Соработка за иновација и размена на добри практики„ (RAY-INNO) во рамките на Анализа базирана на истражување на Еразмус+ Млади во акција – РЕЈ, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање истражувачи (правни или физички лица) за спроведување национално истражување и анализа 

Контекст на истражувањето

РЕЈ мрежата врши истражувачки проекти со фокус на различни аспекти од програмата Еразмус+ Млади во акција. Сижеа од овие истражувања може да се најдат на Веб страната RAY website; целосни концепти за активните проекти во 2019 година се достапни по барање.

Истражувачкиот проект за влијанието на Клучната акција 2 (КА2) се фокусира на еден специфичен формат за финансирање од Еразмус+ Млади во акција и неговото влијание.

KA2 поддржува неколку формати, клучни меѓу нив стратешките партнерства во областа на младите. На почетокот на сегашниот програмски циклус на Еразмус + во 2014 година, ваквите стратешки партнерства се насочени кон поддршка на развојот, трансферот и имплементацијата на иновативни практики на организациско, локално, регионално, национално или европско ниво. Во 2019 година, тие имаа за цел да промовираат квалитетна младинска работа, да промовираат јакнење и социјален претприемачки дух.

Цели на истражувањето

Целта на овој истражувачки проект - низ 16 европски земји - е да ја истражи улогата, влијанието и потенцијалот на стратешките партнерства на Еразмус+ Млади во акција, како инструменти за поттикнување на иновациите и размена на добри практики во младинскиот сектор и сродни полиња.

Клучните цели на овој истражувачки проект се:

▪ сличности и / или разлики помеѓу различните транснационални стратешки партнерства и модели;

▪ влијанието на транснационалните проекти финансирани преку КА2 на младинскиот сектор, со цел поттикнување на иновациите и зајакнување на добрата практика;

▪ потенцијалот на транснационалните стратешки партнерства како инструмент, поопшто и со специфичните правила за финансирање, да се поттикнат иновациите и да се зајакне добрата практика;

▪ профилот на корисниците, како на организациско, така и на индивидуално ниво, кои учествувале и користеле транснационални стратешки партнерства;

▪ клучните карактеристики на транснационалните стратешки партнерства со висок степен на влијание врз поттикнување на иновациите и зајакнување на добрите практики во младинскиот сектор.

Главни истражувачки прашања за истражувањето што треба да се преземат:

Клучните истражувачки прашања - повторно во сите 16 европски земји што учествуваат - се:

· Кои типови на организации и мрежи имплементираат и / или имаат корист од транснационални стратешки партнерства, и како?

· Кои типови на проекти се имплементираат од транснационални стратешки партнерства, и на кои целни групи се адресираат?

· Како транснационалните стратешки партнерства ги дефинираа иновациите и добрата практика, соодветно, во контекст на нивните проекти?

· Како транснационалните стратешки партнерства сакаат да го поддржат поттикнувањето на иновациите и зајакнувањето на добрата практика?

· Како обично се споделуваат резултатите од транснационалните стратешки партнерства - интелектуални резултати и / или најдобра практика и како се соодветни овие пристапи за споделување?

· Како иновацијата и добрата практика влијаат надвор од партнерството?

· Кои пристапи најдобро функционираат за националните агенции во поддршката на стратешките партнерства, и кои предизвици се соочуваат агенциите во нивната поддршка на стратешките партнерства?

· Кои аспекти најмногу придонесуваат за успешната транзиција на резултатите од проектот во младинска работа и младинските политички дискурси надвор од одреден проект?

· Кои аспекти и димензии на младинската работа и младинската политика имаат најголема корист од иновациите и најдобрите практики, и кои аспекти и димензии имаат помала корист?

Опсег на истражувањето на национално ниво

Една клучна компонента на истражувачкиот проект е развојот на студии на случаи на национално ниво. Студиите на случаи ќе се фокусираат на анализата на клучните проектни документи (апликации, извештаи, производи) и истражувачки интервјуа со клучните учесници во проектот, вклучувајќи ги и актерите кои ги имплементираа проектите и актерите кои може да го контекстуализираат влијанието на дадениот проект врз младинската работа, младинската политика, и во поширокиот младински сектор.

Во зависност од комплексноста на студијата на случај, најверојатно ќе бидат потребни 3-5 интервјуа за случај. Случаите ќе бидат идентификувани од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност заедно со транснационалниот истражувачки тим и националниот истражувачки партнер на проектот. Клучните документи за анализа ќе ги обезбеди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Првичните партнери за разговор ќе бидат идентификувани заеднички помеѓу истражувачкиот тим и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Насоките за студиите на случај и интервјуата ќе ги обезбеди транснационалниот истражувачки тим на проектот.

Профил на национални истражувачи

Истражувачите заинтересирани за овој конкретен проект треба да го имаат следниот профил:

  • позадина во истражувањата на младите (пожелно), или поврзана истражувачка област;
  • компетентност во квалитативни општествени истражувачки методи во контекст на мешани методи;
  • најмалку 3 години искуство со европски проекти;
  • Активно го познава англискиот јазик, со акцент на стручната терминологија од областа на образование, обука и млади;
  • практично искуство во спроведување активности и учествувал/а на национални и меѓународни конференции, семинари и обуки од областа на образование, обука и млади;
  • одлично познавање на младинскиот сектор во земјата и идеално за регионот;
  • капацитет за препознавање на иновативните аспекти на младинската работа и младинската политика во земјата;
  • капацитет за препознавање на најдобрите практики во младинската работа и младинската политика во земјата;
  • знаење и разбирање на меѓународната мобилност за учење воопшто и
  • знаење и разбирање на програмата Еразмус + Млади во акција посебно. 

Постапка за селекција

Јавниот Повик се објавува на веб страната на НАЕОПМ.

Аплицирањето се врши по електронски пат на следната електронска адреса: info@na.org.mk, најдоцна до: 10.05.2019.

Селекцијата ја спроведува Комисија составена од непарен број членови назначени од Директорката на НАЕОПМ.

Селекцијата се врши во две фази:

  • Техничка проверка за легитимност,
  • квалитативна проценка на секоја поднесена пријава и придружните документи.

Критериуми за избор по фази:

1. Проверка за легитимитет. Оваа фаза вклучува проверка на комплетноста на поднесената документација.  Се проверува достапност на сите потребни документи и усогласеност со барањата во Повикот, запазување на рокот за поднесување на документите и достапност на експертот.

Апликациите кои ќе ја поминат оваа фаза, преминуваат во наредната фаза. 

2.  Квалитативна проценка. Се врши квалитативна проценка на поднесената документација според следниве критериуми: 

Критериуми за оценување

Максимум поени

Образование

5

Професионално искуство во истражување

10

Познавање на англиски јазик

5

Познавање на националните и европските политики и приоритети во областа намлади

10

Вкупно

30

Секој критериум се оценува на скала од 1 до 5 поени, при што 5 е највискока оценка, а 1 е најниска оценка. Конечната оцена е формирана како збир од точките дадени за секој критериум.

Комисијата подготвува ранг листа со сите пристигнати кандидати и бројот на поени кои го освоиле со препорака за склучување договор со кандидатот кој освоил најголем број бодови. Ранг листата се доставува до Директорката на НАЕОПМ за донесување на конечна одлука. 

Објавување резултати

Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 5 работни дена по одобрувањето од страна на Директорката на НАЕОПМ. Кандидатите ќе бидат писмено известени поединечно.

Договорни услови

По направениот избор, НАЕОПМ ќе склучи договор со избраниот истражувач (правно или физичко лица) во кој ќе бидат дефинирани задачите и обврските, роковите за нивна реализација, како и финансиската поддршка во зависност од обемот на ангажманот.

Период на активности

Истражувачите ќе бидат ангажирани во периодот мај – септември 2019 година.

Како се аплицира?

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат предходно наведените критериуми треба да ги достават следните документи:

  • Кратко и концизно мотивациско писмо,
  • Кратка биографија со детален опис на реализираните активности во областа на истражувачка дејност во областа на млади и невладин сектор,
  • Потврда за познавање англиски јазик,
  • Други документи кои се релевантни, а се поврзани со активноста на истражувачот

Рок за аплицирање

Заинтересираните можат да ги поднесат горенаведените документи на електронската адреса: info@na.org.mk, најдоцна до: 10.05.2019.

Предмет: Повик За ангажирање истражувачи (правни или физички лица)за спроведување национално истражување и анализа.

Назад