ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ Амбасадори

Врз основа на Решение бр. 25-530/2 од 09.04.2019 година за ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ Амбасадори (2)

и тоа:

  • 1 ЕПАЛЕ Амбасадор за Западна Република Северна Македонија (НУТС Региони: полошки, југозападен, пелагониски и вардарски),
  • 1 ЕПАЛЕ Амбасадор за Источна Република Северна Македонија (НУТС Региони: североисточен, источен, југоисточен).

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија работи во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ЕПАЛЕ НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП.  Во првите години на спроведувањето на ЕПАЛЕ, наша цел ќе биде да привлечеме што е можно поголем број возрасни во образовните процеси, со тоа што ќе ја направиме ЕПАЛЕ повидлива за различни целни групи во образованието за возрасните и стручното образование и обука.

 

ЕПАЛЕ Амбасадори

Зошто да бидам ЕПАЛЕ Амбасадор?

  • Ќе ја промовирате вашата организација во рамките на секторот за образование на возрасни низ цела Европа преку активности кои се релевантни за вашите вештини, искуство и знаење,
  • Можете да ги споделите вашите идеи за нови иницијативи и политики,
  • Можете да ја зголемите својата мрежа на други Амбасадори и ЕПАЛЕ корисници,
  • Ќе бидете дел од најголемата, мултилингвална, електронска заедниза за учење на возрасните.

ЕПАЛЕ Амбасадорот:

  • Ја промовира ЕПАЛЕ и идентификува потенцијални корисници на Платформата,
  • Помага во мапирање на главните социјални партнери поврзани со образованието за возрасни како и образовните можности за возрасни во соодветниот регион,
  • Одржува најмалку 6 промотивни средби со преставници на институции од образованието за возрасни на локално ниво,
  • Организира најмалку 2 мини-конференции годишно,
  • Идентификува и/или креира содржини (блогови, статии, настани, ресурси) погодни за објавување на Платформата (најмалку по 2 прикачувања од секој тип содржина по Амбасадор до крајот на 2019 година),
  • Овозможува техничка поддршка во процесот на регистрација на нови корисници,
  • Учестува во подготовка и унапредување на промотивни/информативни материјали за ЕПАЛЕ,
  • Активно учествува во различни дискусиони групи како на ЕПАЛЕ, така и на социјалните медиуми.

ЕПАЛЕ Амбасадори можат да бидат лица преставници на организации/институции кои активно се занимаваат со образование на возрасни од горенаведените региони на Република Северна Македонија. Покрај тоа, тие треба да:

  • Се активни на социјалните медиуми,
  • Ги разбираат главните документи и трендови во политиките поврзани со образованието на возрасните на национално и европско ниво,
  • Се дел од повеќе (меѓународни) мрежи,
  • Се вклучени или биле вклучени во европски/меѓународни проекти,
  • Го познаваат англискиот јазик и имаат напредни ИКТ вештини. 

За својата работа, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори имаат право на симболичен надомест. Истиот ги покрива сите трошоци на Амбасадорот за организирање настани, транспорт, локален превоз, комуникации итн.

Пред започнување на ангажманот, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори ќе поминат детална обука за начинот на работа. ЕПАЛЕ Амбасадорите имаат право на поддршка од ЕПАЛЕ НСП во текот на целокупното времетраење на ангажманот.

ЕПАЛЕ Амбасадорите ќе бидат ангажирани за 2019 година, со можност за продолжување и во 2020 година.

Начин на пријавување

Пополнета апликација заедно со ваше ЦВ во ЕУРОПАСС формат поднесете на epale@na.org.mk, со назнака: за Повик за Амбасадори, најдоцна до 10.05.2019 година. Задолжително назначете: „За Јавен Повик за ЕПАЛЕ Амбасадори“.

tl_files/docs/eplus/epale/contentproducers.png

Назад