ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

Врз основа на Решение за ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) бр. 25-529/2 од 09.04.2019 година на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за изразување интерес за Креатори на содржини за ЕПАЛЕ

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија работи во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ЕПАЛЕ НСП ја идентификува важната содржина на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП.  Во првите години на спроведувањето на ЕПАЛЕ, наша цел ќе биде да привлечеме што е можно поголем број возрасни во образовните процеси, со тоа што ќе ја направиме ЕПАЛЕ повидлива за различни целни групи во образованието за возрасните и стручното образование и обука. 

Содржина на ЕПАЛЕ

За потребите на ЕПАЛЕ, НСП ќе формира иницијална база на лица кои се заинтересирани за креирање содржини, и тоа: блогови, новости/статии, ресурси и настани.

На Повикот можат да се пријават физички лица кои активно се занимаваат со образование на возрасни од Република Северна Македонија, вклучително и студенти, истражувачи, преставници на НВО, мрежи и институции. Истите треба да имаат активен ЕПАЛЕ профил, соодветни јазични и ИКТ вештини, како и да бидат вклучени во меѓународни мрежи и проекти во областа на образованието за возрасни. Кандидатите во рамките на пријавата задолжително треба да потенцираат во кое поле од образованието за возрасни сметаат дека имаат најголема експертиза.

НСП ќе обезбеди поддршка на избраните кандидати и ќе го следи нивното работење. Креаторите на содржини имаат право на симболичен надомест за својата работа, по завршување на истата. Креаторите на содржини ќе бидат избрани за 2019 година, со можност за продолжување во 2020 година. Повикот ќе биде објавен во текот на целата година, до исполнување на потребниот број прикачени содржини. 

Начин на пријавување

Ве молиме испратете мотивациско писмо заедно со ваше ЦВ во ЕУРОПАСС формат (на македонски или англиски јазик) на epale@na.org.mk, со назнака: за Повик за креатори на содржини. Во рамките на мотивациското писмо задолжително наведете во која област од образованието за возрасни сметате дека можете да дадете најголем придонес.

tl_files/docs/eplus/epale/contentproducers.png

Назад