МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПОЛЕТО НА МЛАДИ СТРАТЕГИСКИ ПАРТНЕРСТВА ВО ПОЛЕТО НА МЛАДИ

Понеделник, 13 мај 2019 година

МЕЃУНАРОДЕН СОСТАНОК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПОЛЕТО НА МЛАДИ СТРАТЕГИСКИ ПАРТНЕРСТВА ВО ПОЛЕТО НА МЛАДИ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/MLADI/20190508_124922.jpgОд 6 до 9 мај 2019 година во Шорл, Холандија, беше одржан меѓународен состанок помеѓу вработените за Стратегиски партнерства во полето на млади и претставник од Европската комисија во полето на млади.

За време на состанокот беа опфатени теми за подобрување на квалитетот на интелектуалните трудови, подобрување на административни проблеми со програмата, комуникација со корисници, како и следење на дисеминацијата на проектите.

Претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски, како дел од работната средба, одржа работилница за подобрување на квалитетот на финалните извештаи и следење на резултатите од проектите.

На состанокот беше дискутирано за квалитетот на предложените акции во новата програма пост Еразмус 2020.

Резултатите кои произлегоа од средбата се разгледуваат како примери за добра пракса кои ќе најдат примена во работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со цел подобрување на квалитетот во работата.

Назад