Учество на меѓународна конференција за високо образование во Блед

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_20191017_091753.jpgПонеделник, 21 октомври 2019 година

На покана од Aкадемската асоцијација за соработка во високото образование, (Academic Cooperation Association),претставниците од Националната агенција, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи, присуствуваа на дводневна конференција во Блед, Словенија.

Конференцијата се одржа на 17 и 18 октомври при што учествуваа претставници од високообразовни институции, национални агенции, Еразмус канцеларии и организации од голем дел на европски држави: Германија, Австрија, Србија, Словенија, Полска, Шпанија, Грција, Бугарија.

Претставниците од Националната агенција одржаа и неформални состаноци со колегите од Националната агенција на Словенија во врска со продлабочување на соработката помеѓу овие две институции во делот на Еразмус+ и проектот Студирај во Европа.

Исто така, тие одржаа и неформални состаноци со министерот за образование, наука и спорт на Република Словенија, г. Јернеј Пикало, како и со директорот од ACA, г.Берн Вахтер каде што се дискутираше за идната соработка помеѓу ACA и Националната агенција.

 

Назад