НА како домаќин на состанок од меѓународниот проекти: Tracer Study of VET Mobility Participants

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/FRDzE/IMG_20180914_140538.jpgНа 14 септември 2018 во Скопје се одржа вториот состанок на проектот Tracer Study of VET Mobility Participants (Студија за следење на учесниците во Еразмус+ мобилностите во полето на стручното образование и обука. Домаќин и организатор на настанот беше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а учествуваа и националните агенции на Полска, Словачка, Чешка, Белгија и Обединетото Кралство. Преку видео конференциска врска во настанот активно учествуваа претставници од Шпанија, Луксембург и Ирска.

Целта на проектот под водство на полската национална агенција е да се процени влијанието на мобилноста/обуките во стручното образование и обука на понатамошниот кариерен и професионален развој на учесниците во тие мобилности, со посебен акцент на Еразмус+ мобилностите на меѓународно ниво.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/FRDzE/IMG_20180914_140944.jpg

На состанокот се водеа дискусии за  адаптирањето на алатките за истражување на националниот контекст во земјите учеснички во проектот, програмите за анкетирање на национално ниво, квалитативните анализи на проектот, временската рамка на проектот и процесот на репортирање. Според програмата на проектот, во октомври 2018 ќе започне процесот на анкетирање на учесниците во мобилности во областа на стручно образование и обука од земјите учеснички во проектот.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/FRDzE/IMG_20180914_140551.jpg

Назад