НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ СЕ ВКЛУЧИ ВО МРЕЖАТА РЕЈ

Петок, 28 септември 2018 година 

Националната агенција за европски образовни програми  и мобилност се вклучи во мрежата РЕЈ, која претставува отворена, растечка и самоуправувачка европска истражувачка мрежа на Националните агенции на Програмата Еразмус +: Млади во акција и нивните истражувачки партнери.

Главната цел на РЕЈ мрежата е да придонесе за подобро разбирање на меѓународната младинска работа и мобилноста за учење на младите, а со тоа и на развојот на политики базирани на докази во областа на младите во Европа, како и на развојот на меѓународната младинска работа и практиката на мобилност во учењето.

Фокусот на истражувањето во рамките на РЕЈ мрежата е анализа базирана врз истражување и следење на Програмата Еразмус +: Млади во акција, вклучувајќи ги сите нејзини клучни активности.

РЕЈ истражувачките активности применуваат интердисциплинарен пристап, со употреба на разновидни методи за социјални и образовни истражувања - квантитативни, квалитативни, како и мешавина на различни методи и инструменти: повеќејазични истражувања со учесници во проектот, лидери на проекти и клучен персонал на кориснички организации; студии на случај за избрани проекти; интервјуа и фокус групи со различни актери вклучени во Еразмус +: Млади во акција итн.

РЕЈ мрежата има за цел да спроведе висококвалитетни истражувања, градење на високо ниво на компетентност и експертиза на РЕЈ партнерите во областа на (меѓународната) младинска работа и младинска мобилност. РЕЈ партнерите се придржуваат до заедничките стандарди за социјални и образовни истражувања, во согласност со меѓународно прифатените етички стандарди.

Анализите базирани врз истражување и следење на Програмата Еразмус +: Млади во акција се со цел да се произведе сигурна и валидна документација и разбирање на процесите и резултатите на програмата и на активностите поддржани преку неа.

 

 

Назад