НАСЛОВ: ТЦП ФОРУМ 2019 – СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО, СОЛИДАРНОСТ И ЛОКАЛЕН ИМПАКТ

Петок, 1 март 2019 година

Од 26 до 28 февруари 2019 година беше одржан состанок на партнерите кои го реализираат настанот „ТЦП Форум 2019 - младите и социјалното претприемништво“ како дел од стратегиското партнерство „Млади на работа“.

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беа одговорните лица за стручно образование и обука Лулеса Илјази и стратегиски партнерства во полето на млади Јовица Митевски.

Целта на овој состанок беше креирање на содржинскиот дел на настанот „ТЦП Форум - младите и социјалното претприемништво“, кој ќе резултира со воспоставување на линкот помеѓу секторите на млади и стручно образование од Европа.

Претставниците на Националната агенција од Македонија дадоа контрибуција кон креирање на содржината во полето на стручно образование и млади од аспект на социјалното претприемништво, користење на дигитални алатки и солидарноста.

„ТЦП Форум 2019 - младите и социјалното претприемништво“ е еден од повеќето во кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е партнер во организацијата и спроведување на активностите во Европа.

На настанот НА ќе поддржи  учесници од областа на млади и стручно образование, а ќе биде реализиран од 15 до 18 октомври 2019 година.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/madrid/20190227_104521.jpg

Назад