"Ново пристигнати мигранти во стручното образование и обука" (Newly arrived migrants in VET)

Повик за контакт семинар во Амстердам, Холандија

Theme:  "Ново пристигнати мигранти во стручното образование и обука" (Newly arrived migrants in VET)

Целта на тренингот:

Tемата на контакт семинарот е "Ново пристигнати мигранти во стручното образование и обука". Важна цел на оваа транснационална тема е да ги соедини проектите, експертите и практикантите со цел да разменат добри практики и да одговорат на следниве прашања:

  • Кои се најдобрите практики од проектите на оваа тема;
  • Кои инструменти се користат за препознавање и валидирање на надлежностите на ново пристигнатите мигранти во делот за стручно образование и обука;

Контакт семинарот ќе се реализира во Амстердам, Р. Холандија од 27 до 29 ноември 2017.

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од средни стручни училишта, ВЕТ Провајдери, социјални работници, претпријатија, институции од стручно образование и  обука, т.н.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 22 септември 2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Холандија„.

Назад