Обуки за подобрување на капацитетите на училиштата за развој на Еразмус+ апликации

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/mavrovo1.jpgЧетврток, 21 ноември 2019 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во изминатиот период одржа две од серијата на обуки за училиштата: од 11 до 13 ноември во хотел Макпетрол, Маврово, за претставници од училиштата од Полошкиот регион и од 14 до 16 ноември во хотел Монтана, Крушево, за претставници од училиштата од Пелагонискиот регион.

Тема на обуките беше подигнување на капацитетите на училиштата за развој на Еразмус+ апликации.

На обуката учествуваа 100 претставници на основни и средни училишта од општините Тетово, Боговиње, Јегуновце, Врапчиште, Желино, Брвеница, Гостивар и Маврово-Ростуше, Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Крушево.

Презентирани беа можностите за училиштата во програмата Еразмус+, како и придобивките кои ги имаат наставниците, учениците и училиштата од учество во истата.

За време на обуките наставници, кои имаат претходно искуство со програмата Еразмус+, работеа, со учесниците, во групи на управување со проектен циклус и примена на знаењата за пополнување на апликациски формулари.

Непосредно со претставниците од училиштата, работеа наставници кои имаат претходно искуство со програмата Еразмус+, а за сите дилеми, прашања и нејаснотии достапни беа вработените од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/mavrovo2.jpg

Назад