Одбележување на Денот на Европа со презентации на европските образовни можности

Среда 9 мај 2018 година

Одбележување на Денот на Европа со презентации на европските образовни можности

Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/09maj/IMG-61338d9a8f1e97c4f6026625bf0b8590-V.jpg

Како врвен советник на француската влада, Жан Моне бил главниот поттикнувач на познатата „Шуманова декларација“, којашто довела до создавање на Европската заедница за јаглен и челик, што се смета за раѓање на Европската Унија.

На 9 мај 1950 година, Роберт Шуман, го презентирал предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на, со војните разурнатиот и поделен, континент.

Во 1985 година, шефовите на земјите од Европската унија, на седницата во Милано, решаваат 9 мај да се слави како Ден на Европа. Од тогаш до денес 9 мај го симболизира стремежот кон единство, мир и просперитет во Европа.

Во Република Македонија по 16. пат се одбележува Денот на Европа.

Според Жан Моне ако треба одново да ја градиме Европа, треба да почнеме од образованието.

По тој повод Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  одржа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во ЦСНО Злате Малаковски- Гостивар и СЕОУ Гостивар.

Целта на одржување на ваков тип презентации е запознавање на наставниците и стручната служба со можностите што се нудат од европските образовни мрежи, Еразмус+ Програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/09maj/IMG-a5941f7c499a43c5d986372ff73c8670-V.jpg

Назад