Одобрен е Еразмус Плус!

20-11-2013 18:00

Одобрена регулативата за Програмата Еразмус Плус од страна на Европскиот Парламент!

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со огромно задоволство Ве информира дека Регулативата за Програмата Еразмус плус е одобрена од страна на Европскиот Парламент. Ова претставува чекор поблиску до усвојување од страна на Советот на Европа кое се очекува во месец декември.

Во Република Македонија, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе биде надлежна за индиректно управување со оваа програма во наредниот период.

Објава за медиуми од страна на Европската Комисија

Повеќе на следниот линк:
http://europa.eu/rapid/press-release_IP-13-1110_en.htm

Назад