ОДРЖАН ИНФО ДЕН ВО ДЕЛЧЕВО

Среда, 27 ноември 2018 година

Вработените во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 27 ноември одржаа инфо ден во Делчево, пред претставници на воспитно-образовните установи и претставници на невладиниот сектор.

На информативниот ден беа презентирани можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ и  европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг.

Марија Стефковска, од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование при Секторот за индивидуални мобилности, во своето излагање ги презентираше можностите, кои ги нуди Клучната акција 1.

Јовица Митевски, од Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог при Секторот за стратешки партнерства говореше за можностите кои ги нудат Клучните акции 2 и 3.

Презентацијата опфати дел од техничките критериуми, потоа приоритетите и целите на акциите, роковите за аплицирање, како и примери од добра пракса.

Анабела Насковска Петрески, од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи,  говореше за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг и за можностите кои ги нудат мрежите, начинот на регистрација како и полезноста од користењето на истите.

На крајот учесниците беа охрабрени да аплицираат во наредните апликациски рокови.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/delcevo/12.jpg

Назад