ОДРЖАН ИНФО-ДЕН ВО КУМАНОВО

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/eurocollege/20190219_124041a.jpgЧетврток, 21 февруари 2019 година

На 19 февруари, на ПВПУ Еуро Колеџот во Куманово, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: г. Александар Богојевски, г. Астрит Реџепи и г-ѓа Анабела Насковска-Петрески одржаа инфо-ден за програмата Еразмус+ (високо образование помеѓу програмски држави, високо образование помеѓу програмски и партнерски држави, партнерства во делот на високото образование, Алијанси на знаења, Градење на капацитети во областа на високото образование, Жан Моне активности и мрежите Европас, Еврогајденс и Евридика).           

На инфо-денот присуствуваа професори, декани, студенти и административен кадар од колеџот.

На присутните, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, им ја објаснија Еразмус + програмата (децентрализирани и централизирани акции) и европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и Евридика и какви сè можности и поволности нудат тие.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/eurydice29feb/DDzC_0073.JPG

Назад