Одржан инфо-ден за новата програма „Европски солидарен корпус“

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/71832862_1316803708487565_8489594797231702016_n[2].jpgСреда, 2 октомври 2019 година

На 28 септември 2019 година, во просториите на Студентскиот дом, Битола, се одржа инфо-ден за програмата „Европски солидарен корпус“.

 (https://europa.eu/youth/solidarity_en)

На инфо-денот присуствуваа претставници на здруженија на граѓански организации, лица кои активно работат во полето млади и неформално учење, потоа претставници од локалната самоуправа, младински работници, библиотеки и училишта, како и други заинтересирани лица. 

На настанот се разговараше за потенцијални апликанти според правилата на програмата; потоа за детални информации за видот на проекти за кои може да се аплицира (Волонтерски активности и Солидарни проекти); за детални информации за начинот на аплицирање, како да се пополни и поднесе електронска апликација за програмата „Европски солидарен корпус“.

Исто така, учесниците се запознаа како да аплицираат и да добијат т.н Ознака за квалитет (важи за сите кои сакаат да примаат волонтери од државите на ЕУ, или да испраќаат волонтери во државите на ЕУ).

На средбата беа присутни г-ѓа Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование и наука, г-ѓа Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Луиш Алвеш, директор на Националната агенција за млади на Португалија и г-ѓа Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади, кои одговараа на прашања од присутните, а г. Алвеш ги запозна  со работата на Националната агенција во Португалија и им предочи примери на веќе имплементирани проекти преку програмата „Европски солидарен корпус“ од Националната агенција во Португалија. 

Назад