ОДРЖАН КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ВО ПРОСТОРИИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

tl_files/web/Upload/88969245_2330399843926818_8120925254198493184_n.jpgЧетврток, 12 март 2020 година

По покана на Националната агенција, претседателот на Европската студентска мрежа (ESN) г. Костис Гијанидис и претставници од студентски здруженија и студентски парламенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитет „Мајка Тереза“, Универзитет на Југоисточна Европа Тетово, Американ колеџ, Универзитет во Тетово и Универзитет „Климент Охридски“ - Битола присуствуваа на координативен состанок, во вторникот, на 10 март, во просториите на Националната агенција. 

На состанокот се презентираа можностите од програмата Еразмус+ во делот на високото образование, проектот Студирај во Европа, како и можноста за креирање на Европска студентска мрежа во Република Северна Македонија.

Во таа насока еден од заклучоците на состанокот беше студентските здруженија и студентските парламенти заедно да поднесат апликација за креирање на ESN во Република Северна Македонија, со поддршка од претседателот на ESN во делот на административните процедури.

Националната агенција, и во иднина, ќе продолжи да ги поддржува студентите во градење на нивните капацитети, како и на креирање што повидлива меѓународна димензија во високото образование.

Назад