Одржан редовен воведен состанок за огранизациите кои имаат добиено финансиска поддршка преку програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/IMG_9496 voveden sostanok.JPGПеток, 30 август 2019 година 

На 22 август во Скопје, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беше одржан редовен воведен состанок за организациите кои имаат добиено финансиска поддршка преку програмата Еразмус+, клучна акција 1 за прв и втор рок за аплицирање во 2019 година, и за организациите кои имаат добиено финансиска поддршка преку програмата за Европски солидарен корпус за втор рок за аплицирање во 2019 година.

На состанокот учествуваа 19 претставници од организациии преку свои претставници/координатори на проекти.

Вработените од Националната агенција ги презентираа општите правила и обврски на организациите кои имаат добиено грант, спецификите за сите фази на имплементација на проектите, финансиските правила и процедурите за поднесување на финален извештај по завршување на проектот.

Присутните преку дискусија и прашања бараа појаснување или одговори од вработените од Националната агенција за специфични ситуации со кои се соочуваат при имплементација на проектите.

Вмрежувањето и размената на искуства помеѓу организациите е додадена вредност на ваков вид средби.

Од Снежана Симоновска, раководител на сектор во Националната агенција, присутните беа информирани за идните активности кои Националната агенција ги планира за градење на капацитети на организаците кои работат во полето на млади и волонтерски проекти.

Таа, исто така, побара нивно активно учество преку номинирање на лица од организациите.  

Назад