ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/14/60160263_1210263595808244_6682993714148671488_n.jpgВторник, 14 мај 2019 година

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 13 мај 2019 година, се одржа семинар на тема Интернационализација на стручното образование и обука, на кој свое излагање имаа гостинката од Финската национална агенција, г-ѓа Sari Turunen Zwinger, г-ѓа Мимоза Гицева од АСУЦ Боро Петрушевски, Скопје и г-ѓа Гордана Пецељ од Јосиф Јософовски, Гевгелија.

Семинарот го отвори г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Сектор за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади,која ја презентираше агендата на настанот, а воедно ги презентираше и можностите на институциите за стекнување со Повелба во стручно образование и обука.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, во своето обраќање, на присутните, им ја презентира стратегијата на Европската унија во делот на интернационализација и како понатаму ќе се одвиваат работите за стекнување со ВЕТ чартерот.

Исто така, г-ѓа Димова им посака на учесниците успешен работен ден и покана за зголемена соработка во иднина.

На настанот зема учество г-ѓа Sari Turunen-Zwinger, претставник од Националната агенција од Финска која говореше за Интернационализација на стручното образование и обука како и за начинот на изготвување на Стратегија за интернационализација на институциите.

Исто така, на настанот земаа учество г-ѓа Мимоза Гичевска претставник од АСУЦ Боро Петрушевски од Скопје и г-ѓа Гордана Пецељ претставник од СОУ Јосиф Јосифовски од Гевгелија, носители на Повелба за стручно образование и обука.

Тие ги споделија своите искуства во креирањето на стратегијата за интернационализација, како и успешните примери од реализираните проекти одобрени со Повелбата за стручно образование и обука.

Пред крајот на настанот, Марија Стефковска го презентираше апликацискиот формулар, како и потребните документи за успешно аплицирање во КА109 (Повелба за стручно образование и обука).

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/14/60472722_1210263485808255_6108527682096463872_n.jpg

Назад