Одржан воведен состанок со новите корисници на КА 102

Вторник, 10 јули 2018 година

Марија Стефковска и Мартина Најдоска, од Одделението за мобилност од областа на стручно и училишно образование при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 9 јули одржаа воведен состанок со новите корисници на КА102 - Мобилност на ученици и вработени/кадар во областа на стручно образование и обука.

На состанокот се дискутираше за правата и обврските на новите корисници во врска со сите фази кои се дел од проектниот циклс, со цел успешно реализирање на проектите, т.е. потпишување на договор, исплати, активности кои се преземаат пред, за време и по завршување на мобилноста, користење на алатката за мобилност, алатката за јазично оценување, како и поднесување на финален извештај.  

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/NA-09JUL/IMG_6281.JPG

Назад