ОДРЖАН ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА КОРИСНИЦИ ОД ОБЛАСТА УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/68562008_390164408357628_2145980452396072960_n.jpgПонеделник, 2 септември 2019 година 

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 16 август, се одржа Воведен состанок за корисници од областа училишно образование, или клучна акција 101-Мобилност на наставен кадар во училишно образование. 

На состанокот присуствуваа претставници на одобрените проектни апликации. 

Во областа на училишно образование, за 2019 година, одобрени се 11 проекти, меѓу кои има и една градинка. 

За време на воведниот состанок беа презентирани сите фази за имплементација на проектот и по завршување на проектот, а, воедно, беа детално објаснети и обврските на корисниците. 

Одговорното лице за  администрирање на индивидуални мобилности од областа на училишното образование, г-ѓа Мартина Најдоски, ги презентираше правилата за спроведување на проектниот циклус, за времетраењето и по негово завршување, примарни проверки и финален извештај. 

Додека, пак, г-ѓа  Марија Стефковска, соработник за мобилност од областа на стручно и училишно образование ги објасни финансиските и договорни правила. 

Во текот на состанокот активно учество земаа и координаторите на одобрените проекти, кои веќе имаа претходно искуство со програмата Еразмус+. 

На воведниот состанок се покажа голем интерес за програмата Еразмус+ од страна на  присутните корисници, меѓу кои беа и директори. 

На крајот од воведниот состанок се разви дискусија пришто беа поставени многу прашања од страна на корисниците, а кои во најголем дел се однесувааа на техничките процедури околу договорот за склучување на грант, менаџирање со финансиите и за реализирање на активностите од проектот.

 

 

Назад