ОДРЖАН ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА ПОДДРШКА НА ЕПАЛЕ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/EPALE/IMG_9395.JPGВторник, 9 јули 2019 година

 

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 2 и 3 јули, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка Северна Македонија, беше домаќин на воведниот состанок за двата новорегистрирани национални сервиси за поддршка на ЕПАЛЕ електронската платформата,  ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка на Република Северна Македонија и ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка на Република Грција.

Состанокот го одржа Централниот сервис за поддршка од Обединетото Кралство.

Главната цел на настанот беше, членовите на двата нови национални сервиси, да се запознаат со ЕПАЛЕ електронската платформа, нејзината мисија, целната група која ја опфаќа, структурата, улогата и карактеристиките.

Исто така, преку практична работа и примери, беше прикажана работата на платформата, како се надополнува содржината од корисниците во нашата земја и како да се промовира ЕПАЛЕ низ различните целни групи и на социјалните медиуми.

EПАЛЕе основано од Еразмус+ програмата.

Дел е од стратегијата на Европската унија за промовирање на подобри услови за учење на сите возрасни лица.

EПАЛЕе европска, мултијазична, отворена за нови членови и заедница за учење на возрасни лица, вклучувајќи возрасни едукатори и тренери, тим за поддршка, истражувачи и академици и креатори на политики.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/EPALE/66194885_1629892250480319_7388953507157508096_o.jpg

Назад