ОДРЖАНА ЕВРОГАЈДЕНС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СТРУМИЦА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/strumica/47104175_1099363230231615_6256120067105226752_n.jpgЧетврток, 6 декември 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од 28 до 30 ноември одржа Еврогајденс конференција во хотел „Сириус“ – Струмица, која е во согласност со тригодишната програма.

На конференцијата присуствуваа 22. наставници, од следните градови:  Скопје, Битола, Штип и Струмица, од средните стручни училишта коишто работат во центрите за кариера во нивните училишта.

Конференцијата беше направена со цел наставниците да се запознаат со мрежата Еврогајденс и какви можности нуди таа.

На Еврогајденс конференцијата присуствуваше и експертка од Бугарија, која одржа неколку работилници за кариерното образование и насочување на учениците образложувајќи според кои методи се прави и како соодветно да се снајдат наставниците со учениците коишто имаат проблеми во однос на понатамошното образование.

Исто така, на конференцијата беше претставен и коучингот, т.е. метод за обучување.

Учесниците на конференцијата имаа можност да направат неколку различни поединечни вежби во вид на работилница.

На крајот на конференцијата на учесниците им беа поделени сертификати за нивното присуство и активно учество.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/strumica/47226245_1099363263564945_5916103427724673024_n.jpg

Назад