Одржана Европас конференција во Охрид

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/76751437_10156770972928603_386225604107698176_o,1.jpgПеток, 22 ноември 2019 година

Во периодот од 18 до 20 ноември, во Охрид, се одржа Европас конференција, на која присуствуваа 40 наставници од основните и посебните училишта од Скопје и од Велес.

Конференцијата Европас е одржана согласно програмата за европската мрежа Европас.

На конференцијата, на учесниците им беа објаснети сите документи во Европас портфолиото и како да ги изработат и користат истите.

Исто така, учесниците изработуваа Европас кратка биографија и Европас мобилност документи.

Во текот на вториот и третиот ден на учесниците им беа презентирани и Еразмус+ програмата и другите европски образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како што се Еврогајденс, Етвининг, ТАС и слично.

На крајот на Конференцијата, на сите учесници им беше поделен промотивен материјал и сертификати за учество.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/77008704_10156766735488603_9102807885334708224_n,1.jpg

 

Назад