ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКОТО УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ - ПОТЕНЦИЈАЛИ И ОГРАНИЧУВАЊА.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/evrotink/IMG_9357.JPGЧетврток, 23 мај 2019 година

На 23 мај 2019 година во х. Холидеј Ин, се одржа Конференција на тема: Промоција на анализа на македонското учество во Еразмус+ - Потенцијали и Ограничувања.

На Конференцијата се одржа Панел диксусија за научени лекции од досегашното искуство во Еразмус+.

Првиот дел од анализата нуди осврт на рамката на јавни политики во која се спроведуваат проектите од децентрализираните акции на Еразмус плус, а во вториот дел е сместена анализата на податоците од анкетниот прашалник, преку претставување на одговорите добиени за поединечните прашања од корисниците на Еразмус+ проекти.

Еразмус плус, како што се посочува, е највидлива и најпрепознатлива европска програма која директно го поддржува развојот на човечките потенцијали на европско ниво.

Оваа програма од 2014 година овозможува рамноправно учество на Република Северна Македонија со државите-членки на ЕУ, како и соработка меѓу граѓаните од повеќе држави во областите на образованието, младите и спортот

На промоцијата воведно обраќање имаа:

  • Директорката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа  Лидија Димова;
  • Извршната директорка на Фондацијата Отворено општество на Македонија, г-ѓа Фани Каранфилова-Пановска и
  • Ракводителката на програмата за образование и род, Делегација на Европската унија на Република Северна Македонија, г-ѓа  Софи Бомон.

Панел дискусијата ја отвори Маријан Степановски од ЕВРОТИНК, при што имаше воведен збор за Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и за Еразмус+ програмата.

До директорката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, тој постави прашање за соработката на Националната агенција со граѓанскиот сектор.

Директорката Димова, во својот одговор, напомена дека досега Агенцијата не била доволно позната и дека е потребно да се гради синергија за да се зголеми outreach, бидејќи со градењето на вакви синергии ќе имаат корист и НА и граѓанското општество.

Таа ги напомена и трите синергии кои се направени и ќе ги направи, до 2020 година, со Националниот младински совет на Македонија, Младински совет Крушево и Заедничкиот семинар со тинк тенк организација од Лондон.

Извршната директорка на Фондацијата Отворено општество на Македонија, г-ѓа Фани Каранфилова-Пановска, напомена дека граѓанскиот сектор треба да ги поттикне институциите да се направат реформи и да се искористат сите средства кои се клучен фактор за евроинтеграциите.

Во однос на процентот на искористеност на средствата од Еразмус+ и од ИПА, таа истакна дека се зголемува искористеноста, но сè уште не задоволува.

Во врска со Стратегијата за образование, која е направена од Министерството за образование и наука, г-ѓа Каранфилова-Пановска изјави дека не се доволно застапени европските фондови и Еразмус+ програмата во неа.

Исто така, таа даде и неколку препораки во однос на тоа дека треба да се направи Стратегија за интернационализација за образованието на сите нивоа, да се вложи повеќе во капацитетите на Националната агенција (човечки и финансиски), да се даде помош на апликантите во однос на процесот на аплицирање, потоа да се промени Законот на Националната агенција, како и да се зајакнат Управниот и Надзорниот одбор на агенцијата и сл.

Ракводителката на програмата за образование и род, Делегација на Европската унија на Република Северна Македонија, г-ѓа Софи Бомон, напомена дека секако со зголемување на средствата за Еразмус+ програмата треба да се зголемат и капацитетите во Националната агенција и дека Еразмус+ програмата има додадена вредност во ЕУ.

Воедно таа даде неколку препoраки вo смисла на outreach да бидат опфатени ранливите категории на лица, наставниците од помалите градови, потоа споделување на добри примери и размена на добри практики.

Исто така, г-ѓа Бомон ја напомена и добрата соработка, која ја имаат, со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Во вториот дел од конференцијата, г. Александар Колекески, раководител во ЕВРОТИНК и автор на Анализа на македонското учество во Еразмус+ -  Потенцијали и Ограничувања, даде краток осврт на анализата и ја објасни со сите елементи.

Тој, исто така, ги напомена и забелшките и препораките.

Конференцијата заврши со плодна дискусија при што учесниците поставуваа прашања до сите панелисти на кои им беше одговорено.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/evrotink/IMG_9367.JPG

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/evrotink/IMG_9372.JPG

Назад