Одржана презентација на Европас и Еврогајденс мрежите

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/80364546_1258006687716921_7405694924605095936_n1.jpgНедела, 22 декември 2019 година

Претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Наскоска, на 13 декември, одржа презентација за Европас и Еврогајденс мрежите, во СЕПУГС Васил Антевски Дрен, на која присуствуваа ученици од училиштето. 

На презентацијата се зборуваше за Европас кратка биографија и за Еврогајденс мрежата.

Исто така, беа објаснети какви сè можности можат да се искористат преку Еразмус плус програмата и европските образовни мрежи, со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а кои се наменети за млади лица.

 

Назад