OДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО ЕРАЗМУС КООРДИНАТОРИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/received_3507074632668154, 1.jpegЧетврток, 30 јануари 2020 година

На 29 јануари, во просториите на Националната агенција, се одржа работилница со Еразмус координаторите од универзитетите/високообразовните институции.

На работилницата се презентираше делот за трендови во високото образование во Македонија, можностите кои ги нуди проектот Студирај во Европа, а воедно акцент се стави на новитетите во делот на апликациите за Еразмус чартер, како и апликациските формулари за програмата Еразмус+, КА103 и КА107.

На работилницата присуствуваа 17 претставници од 14 високообразовни институции, како и програмските службеници Александар Богојевски, Астрит Реџепи и Ана Михајлов.

Назад