ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/rabotilnica20feb/IMG_9161.JPGСреда, 20 февруари 2019 година

Денеска, во новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа работилница за Клучна акција 2 – Стратегиски партнерства од областа на стручно образование  и обука.

На работилницата присуствуваа голем број на лица од разлини сектори: компании, невладини организации, средни стручни училишта, фондации итн.

На работилницата се дискутираше за можностите за аплицирање во полето на стручното образование и обука:

  • правилата и начинот за аплицирање;
  • се разгледуваше расположливиот буџет за оваа област;
  • детално се разгледуваше апликацискиот формулар.

 Присутните беа поттикнати  и охрабрени да ги поднесат апликациските формулари до крајниот рок за аплицирање 21.3.2019 година до 12.00 часот на пладне.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/rabotilnica20feb/IMG_9162.JPG

Назад