Одржана тркалезна маса во рамките на мрежата Евридика

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/81198893_2632320273502775_1673800105880190976_n1.jpgСреда, 25 декември 2019 година

На 24 декември, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа тркалезна маса во рамките на мрежата Евридика, модерирана од страна на Мартин Галевски, истражувач од областа на образованието.

На тркалезната маса воведно обраќање имаа Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одговорното лице на Националната единица на Евридика, Милена Петрушевска и ИПА координаторката во Министерството за образование и наука, Ивана Поповска. 

Евридика експертката Снежана Билиќ ги презентираше резултатите од истражувањето за извештајот на Евридика Mobility Scoreboard 2019, кој ќе биде објавен наскоро.

По презентацијата следеше панел дискусија на која претставници од повеќе институции/организации дадоа свое согледување на состојбите со интернационализацијата и мобилноста во образованието кај нас, како и препораки за подобрување на овие важни компоненти.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/80324744_2632319920169477_567500969487630336_n1.jpg

Назад