ОДРЖАНИ ДВА ИНФО ДЕНА ЗА ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/OBUKA NA VOLONTERI VO NA/IMG_9336.JPGПеток, 19 април 2019 година

На 16 и 17 април, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржаа 2 инфо настани, со цел потенцијалните корисници да се информираат за новата програма Европски солидарен корпус“ - ЕСК, на Европската комисија.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, ги поздрави присутните и ги запозна со новата програма Европски солидарен корпус, при штово воведниот збор даде преглед на активностите кои Националната агенција ги направи за да биде дел од оваа програма и истата да биде достапна за сите заинтересирани од Македонија што сакаат да бидат дел од неа.

Таа, исто така, го истакна значењето на Европскиот солидарен корпус за развојот на волонтерството и солидарноста на национално и интернационално ниво. Посебно беше потенцирано, до идните апликанти, во своите проектни активности да ги вклучуваат младите со помали можности и посебни потреби.

На двата инфо дена присуствуваа околу пеесетина претставници на невладин сектор, т.е здруженија, лица кои активно работат во полето млади и неформално учење, претставници од локалната самоуправа, наставен кадар од училишта (градинки, основни,средни, стручни) библиотеки и др.

Вработените од Националната агенција, ги запознаа присутните кои сè потенцијални апликанти и корисници можат да аплицираат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, потоа со начинот на аплицирање и критериумите за користење на програмата Европски солидарен корпус“.

Присутните детално беа запознати со т.н. Волонтерски активности и Солидарни проекти и начинот на аплицирање за ознака за квалитет, која е предуслов за апликантите кои сакаат да аплицираат за волонтерски проекти, што ќе бидат достапни и отворени за аплицирање во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Првиот рок за аплицирање во Националната агенција, за Европски солидарен корпус, е 30 април 2019 година.

 

Назад