ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА КА103, КА107 И ЗА СТУДИРАЈ ВО ЕВРОПА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/june/studyineurope/IMG-bc09c01b0012b70da3797894e2d8cfb9-V.jpgПеток, 28 јуни 2019 година 

Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржаа две работилници на 26 и 27 јуни, за програмата Еразмус+, високо образование КА103, КА107 и Студирај во Европа.               

На работилниците присуствуваа Еразмус координатори и професори од 22 високообразовни институции од државата.

Пред претставниците од универзитетите беа презентирани правата и обврските за академската 2019/2020 година, согласно програмата Еразмус+ како и согласно договорите што е потребно да се склучат помеѓу Националната агенција и универзитетите.

Исто така, на работилниците се даде акцент и на проектот Студирај во Европа, при што се споделија меѓународни искуства со присутните во насока на зголемување на меѓународната димензија на универзитетите, како и утврдување на заеднички план/стратегија за промовирање на домашните универзитети надвор од границите на Европа.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/june/studyineurope/IMG-de5c06108ca9594f37ccd78dfa6ddeef-V.jpg

tl_files/docs/eplus/2019/photos/june/studyineurope/IMG-3b83ba80fb117c387e12c0ca37e38faa-V.jpg

Назад