Онлајн апликациски формулари за трет рок 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го има задоволството да ги информира сите заинтересира институции и потенцијални апликанти дека онлајн апликациските формулари за третиот рок за аплицирање за акциите

∙ KA105 Мобилност на млади
∙ KA125 Волонтерски проекти 
∙ KA205 Стратешки партнерства за млади
∙ KA347 Дијалог помеѓу младите и ностителите на политиките

се објавени на веб страницата на Извршената агенција за образование, култура и аудио-визуелни политики. Сите формулари се достапни на линкот https://webgate.ec.europa.eu/web-eforms/

Крајниот рок за аплицирање за овие акции е 04 октомври 2018 година.

Пред да започнете со пополнување на апликациските формулари, Ве молите посете ја секцијата GUIDELINES на страницата на секој од апликациските формулари со цел да се запознаете со спефицичностите на аплицирање за акцијата од интерес.

 

Назад