ПОЧЕТОК НА НОВА ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА - ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/atina/image002.jpgЧетврток, 4 октомври 2018 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Снежана Симоновска и г-ца Дивна Коцева од Секторот за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади,  во периодот од 26 до 28 септември 2018 во Атина, присуствуваа на редовна обука за вработени во Национални агенции. 

Почетокот на новата програма на Европската комисија - Европски солидарен корпус беше во фокусот на оваа обука. 

Обуката започна со видео конференција и директно обраќање кон учесниците од тимот на Европската комисија, кој директно е надлежен за реализација на Европскиот солидарен корпус.

За времетраење на целата обука учесниците имаа можност директно да поставуваат прашања до претставникот на Европската комисија, кој активно учествуваше во обуката.

Преку организирање на повеќе работни групи, на различни теми, учесниците разменуваа мислења и споделуваа искуства за начинот на промовирање на програмата помеѓу потенцијалните апликанти и учесници; се дискутираше за прашања/ситуации кои се појавиле во текот на подготвка на апликациите од страна на апликанти и како да се направи транзицијата од ЕВС кон Европски солидарен корпус и да се поддржат апликантите.

Потоа како да се поттикне и да се промовира учеството на лица со помали можности во активностите преку програмата и за процедурите и начинот на добивање на Ознака за квалитет како услов за учество во програмата. 

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/atina/image001.jpg

Назад