Покана за настан: “ 20 години ЕВС – поглед во минатото и кон иднината“

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на одбележување на 20 години ЕВС организира завршен настан:

“20 години ЕВС – поглед во минатото и кон иднината“

Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на 16  декември 2016 (петок) од 12.00-15.00 ч во  објектот на “Јавна Соба “ (Сала “Слава“) ул.50 Дивизија бр.22 во Скопје  и да присуствуваат на:

  • Европски волонтерски сервис – преку факти и резултати низ годините
  • Презентација на најуспешни имплементирани ЕВС проекти;
  • Претставување на активни и успешни младински организации кои имплементираат ЕВС проекти;
  • Доделување на Сертификати на 3 најдобри ЕВС проекти;  

Профил на учесници:

  • Младински работници, ученици , студенти , невработени, вработени
  • Организации работат или кои сакаат да работат со ЕВС волонтери
  • Сите заинтересирани лица  

Сите заинтересирани да се пријават најдоцна до 16.12.2016 до 9.00 ч на следниот е-маил:

Snezana.simonovska@na.org.mk

Назад