Повик на Извешната агенција за Пилот шема за ВЕТ мобилности

Пилот шема за мобилност во стручното образование и обука

Повик EAC/S34/2018 и Corrigendum на повикот

Reference: EAC/S34/2018

Објавено на: 27/02/2019

Краен рок: 14.05.2019 12:00

Позадина:

Европската комисија започна нова возбудлива иницијатива која ќе им овозможи на институциите за стручно образование и обука (ВЕТ) во ЕУ да воспостават програми за размена за ученици и за вработени со институциите во Западен Балкан, Турција и Африка.

Покрај мобилноста на учениците и вработените меѓу институциите, овие партнерства за мобилност, исто така, ќе споделуваат добри практики во нивните земји и региони и ќе создаваат мрежи и партнерства за размена.

Очекувани резултати:

• Размена на идеи и техники помеѓу регионите
• Подобрени вештини кај наставниците во стручното образование и обука
• Подобрен квалитет на менаџмент и обука во стручното образование и обука
• Реформа во наставната програма и обуката во институциите.

Информативни документи за повикот:

Постојат два информативни документи кои обезбедуваат специфични информации за повикот. Овие документи се достапни на англиски и француски јазик.

Потенцијалните кандидати можат да ги преземат информативните документи за земјите во процесот на пристапување во ЕУ од Западен Балкан и Турција, како и документите за аплицирање со земјите учеснички од Африка.

Вебинар на пилот шема за мобилност во стручно образование и обука

Во четвртокот на  4 април се одржа вебинар на кој беа одговорени прашања поврзани со пилот шемата за мобилност во стручното образование и обука.

Видео снимката од вебинарот може да ја погледнете подолу:

Назад